We're actors

We're the opposite of people!

Нашата визија е генерирање на капацитет за ромски театар преку институционализација и воспоставување на ромска драма во следната деценија. Главната улога на институцијата ќе биде да се произведат квалитетни театарски претстави кои ке придонесат во зачувување на ромскиот идентитет преку претставување на разни интереси/потреби на ромската заедница првенствено во Република Македонија, но и во странство.

Театар Рома од Скопје, на 2 Декември со почеток од 19:30 часот во Национална опера и балет во Скопје премиерно ја изведе претставата ЛАВИРИНТ

ЛАВИРНИТ-01

Изразуваме голема благодарност до Вас како публика која не почестивте со Вашето присуство, до здравствените работници од сите етнички заедници, до претставници на политичи партии, до нашиот медиумски покровител Roma Press, до претставници на граѓански организации, до претставници на Фондација Отворено општество Македонија и до сите останати граѓани на РС Македонија – како чинители кои го дадоа својот придонес преку овој театарски проект да се променат наративите кон Ромите во здравствените институции во РС Македонија.

Претстави