МРАК

МРАК

Споделете:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Режија и автор: Џенгис Хусеини

Проектот “Театар за општесвени промени’’ е имплементиран од страна на Театар Рома-Скопје како дел од подгрантова шема во рамки на проектот “Од акција до еднакви права за Ромите’’ финансиран од Европската Унија и имплементиран од  Асоцијација за демократски развој на Ромите Сонце-Тетово во партнерство со Групата за малцински права-Лондон. Главни цели ни беа:

  • Намалување на дискриминација на Ромите преку унапредување на остварување на социјални, економски и културните права.
  • Поттикнување на ЕЛС –Штип за вклучување во програмата на општината и лоцирање на средства за културни настани кои се значајни на ромската заедница во Штип.

Главни активности:

  • Организирање на јавна трибина со претставници од ЕЛС Штип, Ромски НВОа и ромската заедница од Штип;
  • Организирање на театарска претстава.

Ромите често пати се среќаваат со дискриминација врз разна основа. Една од тие причини е немањето доволно информации за културата и традицијата на ромската заедница. Затоа, со овој  проект на јавна трибина како и преку театарска претстава сакаме да ги мотивираме младите од ромската националност во Штип активно да се вклучат во процесот на афирмирање на ромската култура и традиција и одбележување на датуми значајни за ромската заедница. Колку повеќе дознаваме за другите дотолку нивото на дискриминација е помало а со тоа ќе се помогне на ромската заедница за полесно и целосно интегрирање во општеството станувајќи полноправни граѓани кои ќе ги уживаат сите права загарантирани со уставот на РМ.

Синопсис:

Театарската претстава МРАК го доловува животот на тројца пријатели. Пријатели од детството,кој го преживеале хоророт во концентрациониот логор на Треблинка. Животот го поминуваат во халуцинација од  спомени за холохаустот и теророт на кој биле сведоци. Поради мракот на логорот кој ги обзема- губат допир со реалноста, и не се свесни дека се слободни. Претставата ги отсликува, исто така, ромската традиција и култура.

Ја разработува дискриминацијата со која се соочува ромскиот народ, стравот и срамот кој му се пренесува колективно не свесно,од колено на колено.

Главната порака е подигање на свеста кај ромската популација за тоа кои сме, од каде потекнуваме, се што може да постигнеме.

Нашата цел беше ромите во Штип, да ја негуваат ромската култура и јазик. Со помош на локалната самоуправа да се издигнаат над предизвиците и препреките со кои секој дневно се соочуваат.

 

Со почит, Џенгиз Хусеини

Коментирајте

Зачленете се за новости