НАПРАВИ МЕ ВАМПИР

Napravi me Vampir

Споделете:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Автор и режија: Адмир Алими

Во 2017 година театар Рома повторно со нови активности проекти се рестартира, а  групата е надградена со  професионални академски театарски уметници.

Синопсис

Во прилог е театарска претстава, текст кој е инспириран од начинот на кој се третираат оние “различните“ кои во суштина не се ниту различни, ниту пак постои било каква диференција. Формата и процесот на театарската претстава не тежнее кон критички и дидактички аспекти, напротив остварува сооднос помеѓу доминантната групација која прогласила правила, поставила стандарди и го сменила текот на настаните во секојдневието. Во една широка фикција, настанот во кој се одвиваат случките е безвременски а тоа е тесно поврзано со бесмртноста на ВАМПИРИТЕ. Во својата функционалност бесмртните вампири се лесно изложливи на уништување односно попречени во своето функционирање пропратно со предмети како: дрвен кол, лук, змиски очи итн. Во прилог на овие попречувања постои уште една поприлично комплицирана состојба а тоа е вид на крв, односно “сорта на луѓе“ со крвна Група Бе. Оваа крвна група односно луѓето кои ја имаат таа крв се во фаза на изумирање за тоа што во хипер-социјалата никој не сака да ги претвори во вампири ниту да ја конзумира нивната крв. Секако за да тоа биде интересно еден протагонист, припадник на нај-гадната крвна група се препира и бара да биде претворен во вампир по секоја цена. Ги посетува директно во центарот на корпорацијата и таму почнува акцијата.

Со почит, Адмир Алими

Коментирајте

Зачленете се за новости