Театар Рома од Скопје, на 2 Декември со почеток од 19:30 часот во Национална опера и балет во Скопје премиерно ја изведе претставата ЛАВИРИНТ и изразува голема благодарност до Вас како публика која не почестивте со Вашето присуство, до здравствените работници од сите етнички заедници, до претставници на политичи партии, до нашиот медиумски покровител Roma Press, до претставници на граѓански организации, до претставници на Фондација Отворено општество Македонија и до сите останати граѓани на РС Македонија – како чинители кои го дадоа својот придонес преку овој театарски проект да се променат наративите кон Ромите во здравствените институции во РС Македонија.
Преку театарскиот перформанс и сториите кои се инспирирани од вистински настани, тешко достапните „рамки“ за остварување на здравствени права и при тоа соочувајќи се со дискриминација се адресираа до тврдокорно создадени стереотипи и предрасуди на чинителите на здравството и до здравствениот систем за нееднаквост во опфатот на граѓаните меѓу кои и ромската заедница.
Театарскиот проект ЛАВИРИНТ е инспириран од вистински случаи и е компониран од автетични лични искуства на пациенти кои се соочиле со потешкотии во здравствените институции како и интервјуа со здравствени работници.
Улоги: Санела Емин, Ерџан Мемедов, Шабан Узеир, Ѓулсен Умер, Џенгис Хусеини, Орнела Гани, Фикрије Јусуф, Бени Елез, Амет Јашар.
Музика: Оркестар Черкези Банда
Светло: Тунај Сејфулов.
Промоција: Мелиса Мемиш / Ќамуран Узеир
Сценограф: Ахмед Кадри
Координатори: Амет Јашар / Фадил Џемаил
РЕЖИСЕР: Адмир Алими
ПРОДУКЦИЈА: РОМА ТЕАТАР
Се гледаме на наредна театарска изведба !
Претставата е во рамки на проектот „Менување на наративите кон Ромите во здравствените институции“ . Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.