ТРКАЛО

Logo_red

Споделете:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Автор и режија: Фаат Абедин

Во 2000 година со финансиска поддршка од Министерството за култура  на РСМ, преку театарски проект „Тркало“ , реализиравме Ромски културен караван, посетувајќи неколку градови во Македонија меѓу кои Делчево, Прилеп, Битола , Куманово, Скопје.

Овој  караван предизвика голем интерес кај публиката и добри критики, со посебен акцент на изведбата и  богатата  содржина  со  тема за животот, фолклорот и традицијата  на ромското население.

Синопсис:

Колоквијално и прилично навредливо, познати како “цигани”, историјата и културата на Ромите е опкружена со стереотипи и погрешни толувања, никоја  не е повеќе широко распространета од  Есмералда и грбавиот од Нотр Дам. Поради ваквите слики што се шират преку недоразбирањата на мас-медиумите за Ромите,  често се верува дека од  ромскиот народ треба да се плашиш,  да се протера и избегнува. Ромите честопати се обоени како крадци и измамници, особено поради нивниот номадски начин на живот и нивните неортодоксни практики пред очите на христијанската црква за време на нивните рани миграции. Со векови, стереотипите и предрасудите се интензирвираат во однос на  разбирањето на ромската култура. Исто така,  затоа што Ромите живеат распространети меѓу другите популации во многу различни региони,  нивната етничка култура е под влијание на интеракцијата со културата на нивното околно население со некои некои уникатни и посебни примеси  на ромската култура. Поради континуираната дискриминација,  многумина јавно не ги признаваат своите корени и се откриваат само на другите Роми.

Со ова оваа претстава сакам да се подучат  другите на културата и историјата на Ромите, а со тоа да се срушат сите негативни бариери во однос на Роми и не-Роми.

 

Со почит, Фаат Абедин.
faat abedin

Коментирајте

Зачленете се за новости