Кучешки години

Logo_red

Споделете:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Адаптација и режија:  Рамадан Сејфула – Рамче

Автор: Гунтер Грас

Претставата „Кучешки години“ од нобеловецот Гунтер Грас е премиерно изведена на театарскиот фестивал одржан  во Младинскиот културен центар – Скопје 21.04.1999 година, каде ни беа доделени неколку  награди. Истата претстава, со финансиска поддршка од CARE и UNICEF  беше  изведена за повеќе од 1000 бегалците Роми од Косово на камповите „Стенковец  2“  и  „Даре  Бомбол“  –  Скопје

Во 2002 година, со претставата „Кучешки години “ од Гунтер Грас нашиот театар имаше чест да ја претстави Централно – Источна Европа и во исто време Република Македонија на меѓународниот театарски фестивал „АРОСИЈА 2002“, што се одржа од 01 до 07 август, во Вастерос – Шведска.

Како уште една  потврда за  нашиот квалитет и успесите кои ги постигнувавме, претставува  поканата за учество од страна на  театарскиот одбор на полупрофесионалниот меѓународен театарски фестивал, што се одржа во септември 2007 година во Квебек , Канада, со истата претстава од авторот Гунтер Грас а во режија на Рамадан Сејфула. Поради променетиот политички систем и не приоритизирање на театарот како амбасадор на културни и традиционални вредности, театарот беше оневозможен  да учествува и да ги потврди  неговите квалитети и успеси.

Синопсис:

Кучешки Години е направена според театарските кануни кои  се негуваат во светот на современиот театар. Со визуелен, алтернативен, екпериментален и ритуален со апстрактен алтернативен театар, според познатите театролози Антонио Арто, Станиславски и Питер Брук. Во перформансот “Кучешки години’’ се прикажуваат сите страдања на Ромите за време на Втората светска војна т.е. геноцидот и разни експерименти извршени врз нив. Но сепак Ромите со сите човечки страдања не губат надеж во човештвото.  Со  суптилни чувства, заедништво како и секојдневието, со своето богатство (култура,традиции и обичаи) еволуираат емоции за борба за опстанок и егзистенција.  Никогаш војната не носи среќа за човештвото од страна на агресорите, затоа Ромите,  како космополити  во глобала го издржуваат белегот што со години наназад, па и денес во 21 век се жигосуваат не по своја вина туку по вина на не-Роми и се во маргините на животна егзистенција и социјализација во општеството.

Покрај тоа што овој народ има нишан на страдања,  сеуште не се гаси љубовта, да се сака човек без разлика на боја на кожа и сите други белези што ги носи еден  човек. Тие секогаш и со непознати бараат соживот, со надеж за возврат да добијат внимание и трошка љубов.  Кучешки години е претстава која сето ова го прикажува преку призмата на Ромите за време Втората светска војна, поточно во 1941 година. Сето ова може може да се гледа и преку други војни (Босна, Косово, Блискиот исток и многу други). Токму поради  погоре напишаното, оваа претстава заслужува да го заземе вниманието на сите оние кои сакаат приказната да биде толкувана од Роми. Поради експресионизам и надреализам претставата апелира на сите што ставаат ѕидови пред  Ромите и сите оние жртви на човештвото, да престанат сите војни, пружајќи ги своите плеќи да се изгради мост за МИР-БЛАГОСОСТОЈБА-СЛОБОДА.

 

Со почит, Рамадан Сејфула – Рамче.

 

Коментирајте

Зачленете се за новости