Родена на 12 јуни 1997 година во Скопје. Завршува средно образование во скопската гимназија ,,Јосип Броз Тито,, и запишува студии на Универзитетот св Кирил и Методиј, Филозофски Факултет при Институт за Социјална работа и Социјална политика. Нејзините први контакти со театарот започнаа уште за време на  училишните претстави, а прв пат  се појави на сцената на Македонски Културен Центар со претстава за Ромска култура и традиција организирана од невладината организација  ,,Амбрела“ во 2011 година.Во 2017 стана дел од  интернационалниот проект European Caravan кој се состои  од театрални и музикални уметности се со цел да се промовира диверзитетот и културата. Две години по ред  беше дел од Форум Театар насловен ,,Приказни од Чекалната“ и ,,Сруши го зидот“ каде што беше прикажана дискриминацијата кон Ромите во здравствените институции. Во ноември 2018 г. им се приклучи  на театар Рома и беше дел од  претставите  ,,Кучешки Години ,, и во септември 2019 г. „ Царот Едип“  во режија на Фаат Абедин.