Актер во театар Рома-Скопjе

Роден (03.09.1967 година) во Скопје има  заврши средно стручно образование и претставува  еден од основачите на театар Рома – Скопје. Oд 1998 година учествува на секој проект т.е. претстава од театар Рома, толкува разни главни и споредни улоги, а исто така е автор и режисер на неколку драми помеѓу кои и познатата  комедија  „Каков татко, таков син“. Шабан е голем активист за културолошките вредности кон театарот и неговата животна амбиција  е еден ден да се отвори Ромски народен театар или Културен центар.  Со пререгистрација на театарот Шабан од 2017 година е избран  за Претседател на театар Рома.