Долго време е вклучен во невладиниот сектор, скоро две децении. Работел за неколку ромски, не ромски и меѓународни здруженија на граѓани на различни позиции од кои позначајни се Финансиски менаџер, Ассистент на проект и Координатор на проект. Проектите на кои што бил вклучен биле од различни области и тоа: Домување, Образование, Здравство, Социјална заштита, женски права и др. Има посетено голем број на семинари, конференции, симпозиуми и др. како во земјата така и во странство. Едно од позначајните е Глобалниот Симпозиум во Њу Делхи, Индија  организиран од Копасах на тема Државјанство, Управување и Отчетност во здравството. Фадил Џемаил е студент на Додипломски студии на Првиот Приватен Универзитет – ФОН на Факултетот за Странски јазици – Англиски јазик, Наставна насока. Има посетено колеџ во Израел. Дваесетдневна интернационална програма на тема ,,Превенција од ХИВ/СИДА и Менаџмент (раководење со проекти, проектен циклус и човечки ресурси). Стажирање во Советот на Европа во Стразбург во Директориумот Социјална кохезија – Одделение за Роми и Миграции. Во Здружението на Граѓани ТЕАТАР РОМА Скопје е вклучен од самиот нов почеток на здружението каде што е еден од оснивачите со пререгистрација на здружението. Ги води административните работи на здружението и работи како Финансиски менаџер во Здружението на граѓани ТЕАТАР РОМА Скопје.