Координатор и актер во театар Рома

Роден на 29 декември 1980 година во Скопје. Говори три јазици и тоа : германски, француски и англиски. Од 2001 година се приклучува кон театар Рома- Скопје и веднаш е назначен како лице  за односи со јавност. Амет има учествувано во разни театарски проекти како актер, како на пример:

Сите проекти во кои учествува се поврзани со ромската кауза каде уметноста се користи како позитивна промена во животот на Ромите.

Преку учество на домашни и странски познати театарски фестивали (Шведска, Турција, Франција, Словачка) постојано ја  претставува општина Шуто Оризари како пример, дека Ромите сакаат да бидат интегрирани и да бидат дел од општеството. Како режисер, се има претставено преку неколку продукции – едукативни настапи со деца од основно училиште „Браќа Рамиз и Хамид“, кои беа со едукативен карактер на темата „Пороци“ на 21 век. Во исто време, од 2004 до 2006 година, има работено  како локален асистент на Меѓународната организација за мигранти (ИОМ). Од 2016 година работи  како Фасцилитатор во ромската НВО од Скопје ИРИЗ за промовирање на здравјето и пристап до здравствени услуги а од 2017 година е избран за Претседател на Граѓанската организација ИРИЗ од Скопје.